Најубавите пејзажи кои се прават од јадење

12 април, 20120
11

Погледнете ги овие несекојдневни локации. Погодете дали се вистинити или се макети???

Уметноста на Чарлс Варнер од Лондон, спаѓа во концептуална визуелна фотографија. Со 25 годишна кариера тој работи мртви природи и рекламна фотографија. Пејзажите со храна, се создадени во Лондон во неговото студио. Каде се создаваат на посебна подлога и пано за поставка. Сцените се фотографираат во планови од горе, странично, од повеќе планови. Со различно светло, каде има спектари за дневно и ноќно осветлување. Секоја сцена се преработува постпродукциски, за да се добие најдобриот можен ефект.

Замислата на овој автор е со тенденција да се насликаат вообичаени мотиви со користење на класични композициски техники за целосен фокус, а ефектот врз гледачот е да има реалистична претстава пред се. Разликите и уникатноста на овие сцени е што се создадени од вистинска храна. Овие сцени се направени да расположат а авторот нагласува дека тоа е неговата суштинска намера. За правење на овие слики на авторот  му се потребни два до три дена, но недели се потребни за ретуширање и изработката на ретуш техниките врз фотографиите. Посебно внимание се посветува на композициското уредување на сцената во целина, а со тоа  и на тонското спојување на сите посебни елементи.

 

Инаку подготовката за овие сцени се врши со голени планови, набљудувања, и размисли околу тоа кој избор на овошје е најдобар за таа цел. Треба да се изберат најсоодветни, овошја и зеленчуци, кои се автентични за пејзажните планови. Тој поминува најмногу време во супермаркетите,  што прави да изгледа помалку чуден. Како и да е, тој е внимателен и упорен да ги избере најдобро оформените брокули, за да ги искористи како дрва. Тоа за него е важен сегмент.

Иако ова е зафат, кога сепак остануваат и многу намирници кои излегуваат од игра при изборот, тимот има добра забава кога се поделува храната меѓу нив. Но оваа храна која се користи на сетовите, повеќе не може да стане деликатес, поради по некој сјај или лак кој се користи за подобар ефект.

Погледајте, знам дека ќе ви се допадне!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber