Највисокиот човек во светот најпосле ќе добие патики!

6 мај, 20120

Игор Винковински е највисокиот човек во Америка.

Бидејќи имаше неколку јавни излагања дека никаде не може да најде обувки, конечно, некој се понуди да му помогне…

Брендот Reebok излезе во пресрет.

Игор се надева дека сега ќе може конечно да има нормален живот.

Игор во последните 6 год. имаше 16 операции на стапалата кои беа со цел да се решат ороблемите кои насануваа поради последици со несоодветни обувки. “Веќе 6 години, не уживам во прошетките. Одвај чекам да одам на прошетка со своето куче” вели Игор.

Иван направи неколку тестови  и мерења, во седиштето на Рибок, за да се направат  подобри и поквалитетни обувки. Големината на обувките ќе зависи од должината и ширината на неговите стапала. Проблем во мерењето, прават само неговите прсти на стапалата , кои добија чуден облик поради досегашните операции.

Иако цената на производство на таквите обувки изнесува помеѓу 12.000 и 20. 000 долари, за Игор, брендот Reebok, ќе ги направи обувките  бесплатно. На работниците, ќе им бидат потребни 6 седмици, за производство на прототипот а потоа ќе се задржат и со другите детали.

Вовковински , со потекло е од Украина , а во Минесота се доселил од неговите 7 години за да се лечи од болеста хипофизичен гигантизам. Уште на 7 год, бил висок 180 сантиметри. Животот на Игор се променил, по операциите и 3 години останал да лежи во кревет.  Игор вели: “Последните 3 години, за мене претставуваа ноќна мора, а обувките кои ќе ми одговараат ќе го променат мојот живот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *