Наоми Кембел растура бракови!

25 март, 20120
Victor Boyko

Супермоделот Наоми Кембел би можела да биде вовлечена во пријава за развод на своето момче, милионерот Владимир Дорoнин.

Поранешната сопруга на овој руски милионер, Екатаруна планира да наведе дека врската на нејзиниот поранешен сопруг со манекенката е всушност причината за нивниот развод.

Наоми и рускиот милионер биле на чекор до венчавка, бидејќи се надевале дека постапката за разводот на богаташот и неговата сопруга конечно ќе се заврши, но извор близок на двојката вели дека популарната манекенка сега е целосно шокирана и бесна. Всушност, Владимир и Екатарина биле разделени веќе десет години пред да ја започне врската со манекенката.

“Тој имаше седум години долга врска пред да ја запознае Наоми. На манекенката и е драго што Екатерина конечно се согласила да се разведе од Владимир, но е вознемирена поради тоа што планира да ја обвини за распаѓањето на бракот. Вистината всушност е дека таа и Владимир веќе одамна беа разделени кога тој ја запознал Наоми”, вели близок извор на двојката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *