Направете детоксификација за да бидете здрави

popara2 февруари, 20121min00
detox

Загадениот воздух, храната презаситена со конзерванси, пушењето, стресот и слабата физичка активност предизвикуваат наталожување на токсините во организмот, што доведува до насобирање на вишок масни наслаги.

Со текот на времето, наталожените штетни материи предизвикуваат трајни оштетувања на клетките, а со тоа водат и до појава на бројни заболувања, па поради тоа неопходна е детоксикација – ослободување на организмот од отровите и масните наслаги.

Од особена важност во текот на детоксикацијата е редовното празнење на цревата, а за време на детоксикацијата треба да се избегнува масната храна и намирниците од животинско потекло. Конзумирајте добро избалансирана, лесна храна искомбинирана со здрави пијалоци и бидете физички активни, тоа е рецепт за успешно прочистување на организмот.

Како дел од детоксикацијата се препорачува да конзумирате повеќе вода, свежи овошни и зеленчукови сокови, како и да посетите сауна и ароматерапевтски масажи.

Детоксикацијата овозможува спречување на појава на различни заболувања, поттикнување на работата на имуниот систем и подигање на енергетското ниво на организмот, а е одличен начин како да се изборите против стресот, главоболките и грипот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag