Направете мелем за посилни трепки

10 јануари, 20120
trepki

Доколку сакате погусти и посилни трепки, направете мелем кој, со тек на време, ќе ги зацврсне, згусне и потемни вашите трепки.

Како да го припремите мелемот?

Состојки: 25 гр. свежи листови од жалфија, 75 мл. филтрирана вода, 2 лажички маслиново масло. Варете ги листовите од жалфија во водата десетина минути на тивок оган. Оставете го балзамот да се излади и процедете го, па сипете го во стаклено шишенце и додадете го маслиновото масло и протресете.

Балзамот мора да го промешате секој пат пред употреба. Нанесете го на трепките со помош на стара четкичка од маскара која по секоја употреба ќе ја исперете и ќе ја оставите да се исуши. Мевлемот нанесувајте го пред спиење.

Од жалфијата вашите трепки ќе потемнат, а заедно со маслиновото масло жалфијата ќе ги зацврсне трепки и ќе го намали опаѓањето. Овој мелем може да го примените и на веѓите, на кои исто така ќе им даде убав сјај и ќе ги потемни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *