Наскоро вашиот iPhone и iPad ќе можат да ве препознаат

popara5 јануари, 20121min00
0423007.42

Apple неодамна го доби патентот за идејата која користи предна камера на некои од своите уреди, за уредот да може да го препознае својот сопственик.

Доколу податоци се праќаат кон Apple, тоа значи дека оваа компанија може автоматски да ги прилагодува апликациите и поставувањата според личните преференции на корисниците. Од друга страна, ова исто така значи дека Apple ќе ги има сите ваши лични податоци.

Appleinsider пишува дека патентот е под број 2011031717872 во Американското биро за патенти и жигови.

Наречен е „Low Threshold Face Recognition”, а во него се опишува на кој начин компјутерот го препознава корисникот.

Овој патент исто така овозможува методи за препознавање на повеќе корисници кои го користат истиот гаџет. Така секој корисник може да го прилагоди својот персонализиран профил со единствена позадина, апликации и подесувања и тој профил би можел да биде веднаш достапен откако уредот ќе го препознае лицето на корисникот.

Предноста на овој патент во одност на другите слични патенти е во тоа што неговите методи значително го намалуваат влијанието на условите на осветлување и биометриските изобличувања на сликите. Со други зборови тоа значи дека вашиот уред ќе ве препознае и доколку има слаба светлост.

Една од примените на овој патент на пр. се виртуелните потсетници кои му овозможуваат на еден корисник да му остави забелешка на другиот корисник, која тој ќе ја види кога ќе го земе заедничкиот iPad во рака. За сите други оваа забелешка ќе биде невидлива. На тој начин уредот, како што е iPad, едноставно ќе можат да го користат и членовите на една фамилија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma