Натка си фати нов дечко?!

popara19 април, 20121min00
natasa-beklavac-ivica-dragutinovic

Наташа Беквалац наводно е во љубовна врска со фудбалерот Драгутиновиќ во чиј клуб таа настапувала…

-Тие двајца во почетокот на оваа година почнале да се дружат, за набрзо од другарство да прерасне во нешто повеќе, иако за тоа и двајцата молчат. Се зближиле кога Наташа почнала да настапува во белгратскиот клуб “Магацин”, кој го води Драгутиновиќ. Колку е приврзан за својата “другарка” зборува и податокот дека не можел да одбие кога по прославата на Нова година  во споменатиот клуб, во кој таа пеела, предложила да одат во геј локал – зборува близок извор.

За нивното прво заедничко излегување во јавноста пишуваат и дневните весници, опишувајќи детално за тоа како пејачката и фудбалерот се забавувале во гај клубот. Тие од тогаш многу внимаваат некој да не ги фотографира, па кога се гледаат, тоа го прават во поголемо друштво. Сами се исклучиво на места кои се ретко посетени, за да неможе да ги забележи јавноста. Поради тоа биле збунети кога ги побарале да ги прашаат за нивната врска.

-Немојте, ве молам! Ние не се дружиме. Работеше кај мене, две свирки и нема причина за друго да се коментира, изјавил Драгутиновиќ, додека Наташа дури и се навредила.

-Ма, дај! И со него, и со Владо Вуксановиќ, има ли уште некој?! Човекот само ендаш сум го видела и тоа на првиот настап во “Магацин”! –тврди Беквалац.

Што се однесува до Натка, таа по разводот е слободна жена, но Драгутиновиќ сеуште е во брак со белгијката Селин, со која има три ќерки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag