Научник открил доказ за живот на Венера?

24 јануари, 20120
0821007.48

Руски научник проценил дека можеби и открил живот на Венера, откако ги анализирал фотографиите забележани на камерата на руската сонда Венус 13, која слетала на површината на планетата пред 30 години.

Рускиот научник Леонид Ксанфомалити дигнал прашина откако утврдил како една од фотографиите кои се снимени на Венера во 1982 година, прикажуваат предмет во облик на шкорпија кој се помрднал додека камерата на сондата снимала.

Ксанфомалити, кој е дел од Институтот за вселена во Руската Академија на Науки повторно ги прегледал сите фотографии кои ги снимила руската сонда Венус 13 и дошол до заклучок дали е можно на Венера сепак да има живот. Покрај предметот во облик на шкорпија на фотографиите открил и пар предмети кои, како што кажува, се појавувале, менувале и ги снемувало.

„Што ако заборавиме на сите моментални теории дека животот на Венера не постои и храбро да заклучиме дека на основа на морфолшките предмети би можеле да утврдиме дека станува збор за живо битие”, пишува Ксанфомалити во Russian Journal Solar System Research магазинот, јавува dailymail.co.uk.

httpv://www.youtube.com/watch?v=RYKbIbqtYTM


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi