Навики што сигурно ќе ви ја уништат врската!

30 март, 20120
s2

Кога сексот почне да намалува, па речиси и скоро да го нема, тоа е една од првите индикации, дека нешто не е како што треба со вашата врска. Освен што е израз на нежност и приврзаност, сексот е и најдобриот начин партнерите да си покажат што си значат еден на друг.

Кога жената престане да се депилира например, а тој си пуштил пивско стомаче, значи дека вие едноставно сте навикнале еден на друг. Тоа е многу опасно, зошто таму каде што нема грижа за да се изгледа убаво, нема веќе и страст.

Кога и двајцата, но најмногу мажот, ги занемари малите но многу важни гестови, гестови кои значат романтика, гестови кои значат интимност, тогаш и ова е сигурен знак за одалечување. Зошто за кој друг ако не за саканиот човек, би направил нешто без повод и со цел да го направиш среќен?

Јас сум жртвата – ти виновниот! Ако еден од партнерите влегол во улогата на вечна жртва, а другиот е постојано виновен, тогаш многу скоро патиштата ќе им се разделат. Чекор за надминување на овој проблем треба да направат и двајцата, зошто во спротивен случај врската е осудена на пропаст.

Од мува – слон! Тој или таа е човекот што го сакаш. Затоа треба да има и место за компромиси, а не на туѓите грешки да се гледа со лупа, а на своите не. Ако веќе нема место за компромиси, треба да знаете дека крајот е на прагот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi