Неговите дела, а не зборови се знак дека те сака

2 јануари, 20120
4

Сите знаеме дека мажите и жените се различни. Една од главните разлики е дека повеќето мажи ја покажуваат својата приврзаност и љубов преку своите дела, а не со зборови. Оваа основна разлика создава многу проблеми за жените во добивањето доказ дека се сакани. Во наредниве неколку редови ќе откриете како мажите ја покажуваат својата прврзаност и љубов.

Тој ве вклучува во своите планови за иднина.

Тој не сака да троши пари за луксузни предмети бидејќи смета дека се премногу скапи но ќе купи парченце луксуз за вас по многу специален повод.

Нема да бара да правите секс, кога сте истоштени после тежок работен ден.

Тој нема ништо против да го користите и да сурфате во неговиот компјутер, зошто тој нема што да крие.

Кога ќе му кажете дека се чувствувате несигурни, тој ќе го свати многу сериозно и ќе превземе нешто за да ви помогне.

Тој ве прегрнува и бакнува постојано и не само кога сте на само.

Кога сте сами, не се чуствувате осамена, зошто знаете дека неговото срце секогаш е со вас.

Тој не ве тормози за вашето минато и го остава да си остане во минатото.

Кога оди на службен пат инсистира да ве земе со себе.

Тој не ви дозволува да чистите сами по дома и се вклучува да помогне.

Кога си болна ќе остане до тебе.

Тој мисли дека изгледате добро и без шминка.

Станува љубоморен кога разговарате со други мажи.

Ги чува вашите фотографии во својот мобилен телефон.

Без разлика што и да се случува, тој секогаш е на ваша страна.

Кога некој се однесува груго со вас, тој застанува пред вас за да ве заштити.

Тој секогаш ве држи за рака на јавни места.

Ви прави комплименти пред своите пријатели.

Тој нема да го вклучи мобилниот на тивок режим додека е со вас.

Никогаш не го заборава твојот роденден, годишнина и секогаш ќе ти подари нешто за Божиќ и Св. Валентин.

Кога ќе се случи нешто прекрасно, вие сте првиот човек, со кого сака да ја сподели добрата новина. Ве обсипува со љубов, нежност и трпение…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *