Зошто кога сме мали деца никој не ни кажува колку е тешко да си возрасен? Зошто ни раскажуваат приказни со среќен крај? Зошто не лажат?
Зошто никој не ни кажа, дека да си голем значи и да боли? Дека срцето може да е скршено илјада пати, но сепак да е цело и да има уште, уште за кршење?
Зошто во школо не не учат, дека пријателите први ти забиваат нож во грб?
Никој, никогаш не ни ги кажа овие вистини. Очигледно, полесно е да бидеме лажени. Нас не лажат и ние лажеме. Лицемерие или само следното премолчување на вистината? Не е важно како ќе го наречеме ова.
Понекогаш така ми се плаче, не наоѓам зборови да ја искажам болката. Болката на секој ден во кој реалноста ми удира шамари и ме потсетува за тоа како приказните лажат. Колку и да се трудам да гледам позитивно на светото, понекогаш едноставно не можам…
Сакам да немам срце. Сакам да го извадам, да го изкорнам од градите. Ми тежи. Тежи и боли. Толку пати сум го крпела, толку пати го лепев, а тоа повторно и повторно се кинеше. Не сакам срце.
Сакам да сум празна. Сакам да сум мала и некој да ми каже, колку е тешко да си возрасен.
Некој да биде доволно искрен со мене и да ми каже, дека мојата пријателка од детството ќе ми ја предизвика најголемата болка. Дека првиот маж, кој требаше да ме сака ( татко ми), прв ме предаде.
Некој да ми каже, дека ќе работам по 12 сати на ден и не само што нема да ми стигнат парите, но и ќе сум несреќна.
Некој доволно смел, да се исправи и да ми ги отвори очите, дека на овој свет ништо не добиваме безплатно. Некој искрен човек, кој ќе ми ја каже вистината, дека и големите плачат. Но плачат сами.