Немој да дозволиш да ти се качи на глава!!!

popara28 јануари, 20121min00
dk

Сте забележале ли какви необични метаморфози се случуваат со мажите кога ќе почнете да живеете заедно? Ви предлагаме неколку препораки, кои ако ги исполните, ќе дозволите да ви се качи на глава…

Гответе ја само храната што тој ја сака, ако не сте сигурни дали сака паста болонезе или стек, не грижете се, едноставно прашајте го и марш во кујната…

Појадокот однесете му го во кревет, сами знаете колку е пријатно тоа…

Добро е често да ја каните на гости најубавата пријателка, и замолете ја да се облекува во кратки здолништа и длабоко деколте.

Внимавајте на сите негови слабости и потреби. Секоја вечер на троседот да го чека ќебенце, списание Плејбој, телевизорот вклучен на Евроспорт, пивце во ладилникот и вие минимално облечени…Вие сте уморна? Ајде заборавете го тоа…

Во никаков случај не го оптеретувајте со своите лични проблеми. Едноставно заборавете ги. Споредено со тоа дека изгубил неговиот тим вашите проблеми се ситници и не заслужуваат никакво внимание.

Купувајте му почесто подароци. Колку поскапи, тоа подобро. Да навикне на убавото. На лошото тој и сам ќе навикне ( кога ќе ви дојде трпението при крај…)

Мажите треба да ви е јасно дека немаат работа во супемаркет. Не заборавајте дека жената е создадена за тоа. Што толку ако сама носиш 20 килограмски торби со продукти. И кога сте веќе таму земете и еден пакет пиво, или подобро два, може и да не стигне..

Користејќи ги овие наши препораки во процесот на обликувањето на машкиот „идеал“ на основата на овие совети е неповратен. И добиениот машки примерок понатака не подлежи на превоспитување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag