Потребни состојки:
- 1 и ½ чаша слатка павлака
- 1 лажица ванила
- 2 лажици инстант кафе растворени во 2 лажици вода
- 100гр чоколадо за готвење, растопено
- 3 лажици чоколаден ликер
- ½ чаша шеќер во прав
- неколку зрна кафе за украс
- 4 белки
Начин на подготовка:
Изматете ја слатката павлака, ванила и кафе додека не добиете густ снег. Додадете растопено чоколадо и ликер.
Изматете ги белките, постепено додавајте шеќер и продолжете со матење додека не се згусне, околу 5 минути.
Добро изматената смеса додадете ја во чоколадниот крем, добро измешајте.
Исурете во четири високи чаши, оставете да се излади, украсете со зрна кафе и послужете.