Овој пат не побегнала – Сепак се венчале!

5 декември, 20120
naslovna

Плејбој основачот Хју Хефнер повторно се ожени и тоа со Плејбој зајачицата која го ‘шутна’  пет дена пред планираната венчавка во 2011 година.

86 – годишниот Хју Хефнер и “невестата бегалка”, 26 годишната Кристал Харис официјално вчера се венчале во матичната служба во Беверли Хилс во Лос Анџелес.

Американскиот сајт TMZ објави дека двојката, која од почетокот на годината повторно се заедно, планираат голема сведбена прослава на Новогодинешната ноќ.

Харис беше зајачица на месец октомври 2009 година, а во јуни 2011 година се појавила на насловната на овој магазин за возрасни само со етикетата “невестата бегалка” преку долната половина од нејзиното тело. Двојката после се се смирија, а сега се и во брак. За Хефнер нема пауза, секогаш е опкружен со млади убавици, а сега уште еднаш се најде пред олтар на 86 години – секоја чест и среќно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *