Ние сме тоа со што се храниме

popara11 јануари, 20121min00
2

Звучи премногу материјалистички, но оној што го кажал ова донекаде бил во право. Бидејќи постои некаква врска помеѓу нашиот однос со храната и нашиот карактер. Постои извесна зависност меѓу она што го внесуваме во себе и тоа какво е нашето поведение.

Луѓето кои сакаат да консумираат овошје се внимателни и чувствителни по природа. Имаат многу пријатели бидејќи се многу комуникативни. Исто како свежината и аромата на овошјето и тие се свежи и исполнети со позитивна енергија.

Луѓето кои сакаат зеленчук се полни со енергија и елан. Секогаш се спремни да научат нешто ново, но понекогаш пројавуваат излишно љубопитство. Уште една позитивна карактеристика за љубителите на зеленчук – амбиција.

Љубителите на месо многу често се импулсивни, животот им е комплициран, исполнет со успеси и падови. Месојадците можат да преценат кои се вистински пријатели и кои не.

Фановите на пикантна храна се познати по својот бурен карактер. Работата мора да им биде динамична и раздвижена за да можат да ја потрошат целата енергија што им струи во крвта.

Луѓето кои јадат луто се многу добри љубовници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag