Новак Ѓоковиќ во осмина на финалето на Австралискиот Опен одржа тениска лекција на Лејтон Хјуит, а потоа пред целата Род Лејвер Арена покажа како да направите вашата избраничка да се чувствува непријатно.
На ова бил иницијатор поранешниот тенисер Џим Куријер, кој во улога на спикер по мечот кратко поразговарал со Новак. Го прашал дали го понел неговиот мобилен телефон со себе и го потсетил дека пред дуелот со австралијанецот во ресторан се забавувал фотографирајќи ги присутните.
Toa e телефонот на мојот тренер. Го користев за апликацијата која го деформира лицето”, појаснува Новак и додава: “Се сеќаваш дека се пошегував со тебе дека така изгледаше Јелена кога ја запознав, но откако почна да се забавува со мене е многу поубава”, изјавил Ѓоковиќ.
“Ќе мора вечер да одговориш на многу прашања”, кратко му одговорил Куријер, а сите кои го познаваат Ноле, вклучувајќи ја и неговата девојка, знаат дека се работи за многу интересен лик, па да се надеваме дека добро ќе помине!
Погледнете како на ова реагираше девојката на Ѓоковиќ, Јелена Ристиќ.