Нора Џонс, наскоро со нов албум “Little Broken Hearts“

29 јануари, 20120
Norah Jones

Нора Џонс оваа пролет ќе го објави својот нов студиски албум,”Little Broken Hearts”, во соработка со музичарот и продуцентот Денџер Маус.

Двајцата музичари веќе имаат соработувано на албумот на Денџер Маус ”ROME”, а потоа соработката ја продолжија и за петтиот албум на Нора Џонс.

”Little Broken Hearts”, е фасцинантен чекор напред во уметничката револуција на една од најинтригантните пејачки на оваа деценија.

Песните се потпишани од Нора и Денџер Маус, спојувајќи ги своите стилови во еден потполно нов звук.

Гласот на Нора Џонс беше она што го привлече вниманието на Денџер Маус кога го конципираше албумот ”ROME”. Главниот машки вокал беше Џек Вајт, а Денџер Маус и неговиот соработник Даниел Луп сфатија дека гласот на Нора Џонс ќе му ја даде на проектот потребната рамнотежа. Џонс испеа три песни, а во исто време започна нивната соработка за нејзиниот нов албум.

httpv://www.youtube.com/watch?v=l3yAx2uCoHs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi