Ријана повторно ја смени фризура и се сликаше во краток шорц и чизми па искоментира на Твитер дека личи на стриптизета.
Косата ја бланшираше за снимање на едиторијалот за магазинот Elle. Покрај, “жолтата“ боја Ријана, целосно ги исправи своите кадрици и сега има права коса.
На Твитер ја објави фотографијата и ги праша своите “пријатели“ – дали е секси. Покрај новата фризура има облечено чизми кои се речиси до нејзиниот задник!
– Точно е дека малку потсетувам на стриптизета во овие чизми – напишала под сликата.