Нови детали за убиството на Кенеди!

2 февруари, 20120
ST-C420-13-63

Одамна загубената аудио снимка, направена по убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди фрла нова светлина на тој настан и голема заинтересираност кај историчарите.

Аудио снимката била пронајдена меѓу личните предмети на генералот Честер Клифрон, помошникот на Кенеди кој се наоѓал во поворката на мотори во Далас, кога беше убиен претсдателот на 22 ноември 1963 година.

Адудио лентата, која трае помалку од два и пол часа, содржи разговори кои биле правени во претседателскиот авион во кој телото на Кенеди беше пренесено од Далас во Вашингтон. Токму од нив може да се дознаат нови детали за атентатот  на Кенеди.

Експертите навеле дека снимката ќе предизвика нови дебати меѓу теоритичарите на заговор, особено за Кертис Лемеј, тогашниот помошник на шефот на американските воздухопловни сили, кој бил еден од главните критичари и ривали  на Кенеди, а чие име не се споменува во официјалната верзија на снимката.

„Луѓето од секогаш се прашувале каде бил Кертис Лемеј  дента кога беше извршен атентатот врз Кенеди, а оваа лента ќе открие каде точно се наоѓал“, изјавил историларот Даглас Бринкли за CNN.

Снимениот материјал кој е 30  минути подолг од досега познатиот, го купила во 2009 година куќата “Raab” од Филаделфија која се занимава со продажба на ретки документи и предмети.

Raab инаку една дигитализирана копија ја подарила на американскиот национален архив, а сега оригиналот планира да го продаде за 500.000 долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma