Популарноста на професиите опаѓа поради малите плати, големиот стрес и големите можности за губење на работата.
Новинарството е на пето место на листата најлоши професии во светот посред американскиот портал (Career Cast). Овој портал направил листа на најлоши и најдобри професии според висината на платата, ризикот, изложеноста на стрес, перспективата и физичкиот напор.
Според оваа листа, најлоша работа во светот е дрвосечач, потоа производителите на млеко, војниците на трето, а работниците на нафтените платформи на четврто место. Новинарите се најдоа на петтото место и тоа во сите медиуми, пишани, радио и телевизии.
На листата на шестото место се најдоа келнерите, потоа луѓето кои мијат садови во рестораните, а дури на десеттото место се месарите.
Како најдобри професии за 2012 година се вработените во развојниот и информатичкиот сектор, аналитичарите во осигурителните компании и шефовите задолжени за човечките ресурси.