Едно годишниот Имад Гадир не е повреден, за среќа змијата не била отровна.
Средбата на едно бебе и една змија во Израел завршила навистина неочекувано, рептилот умрел откако бебето му ја гризнало главата.
Едногодишниот Имад, чие семејство живее во централниот дел на Израел, не бил повреден, но сепак бил префрлен до болница за преглед.
Дедото на детето раскажал за новинарите дека бебето се разбудило рано околу 6 и 30, а таткото заминал на работа. Детето од својот кревет заминал во собата на своите родители, а токму таму налетал на змијата долга 35 сантиметри, ја зграпчил и и ја одгризал главата. За среќа, змијата не била отровна.
„Тоа не беше убава глетка. Тоа е бебе и незнае ништо, мислеше дека се работи за игра. Не посакувам никому да му се случи нешто вакво“, изјавил дедото.