Од мила ѕвезда се претвори во опасна заводничка! :)))

31 јануари, 20120
kira najtli

Откако ги сними филмот “Dangerous Method” во кој одработи провокативни секс сцени, 26 годишната британка Кира Најтли, продолжила по тој пат и снимила секси едиторијал за магазинот GQ.

Пред објективот на фотографот на магазинот GQ, Кира Најтли ја покажала својата друга, вамп страна.

Актерката открила дека од нејзината последна улога речиси се откажала, бидејќи не можела да ги разбере жените склони кон садизам и мазохизам. За време на снимањето често и помагала чаша вотка, особено кога секс сцените биле во прашање.

Филмот на Дејвид Кроненберг наскоро ќе пристигне во британските кина, а зборува за врската на психијатарот Карл Јунг и неговата пациентка Сабина која ја игра Најтли.

Во приватниот живот Кира е веќе една година лудо заљубена во 28- годишниот Џејмс Ригхтон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *