
Актерката од Рејнолдс се разведе пред една година, но таа е уверена дека тој ја изневерувал со Блејк уште за време на бракот и токму поради тоа Јохансон е избезумена по информациите за нивната свадба. “Иако нема никакви докази, Скарлет се убеди самата себе си дека Рајан ја изневерувал со Блејк”, потврдил извор близок до Јохансон, за “National Enquirer”.
“Неверојатно е огорчена во врска со тоа и на некој начин смета дека всушност Блејк и го зема Рајан, со оглед на тоа што проблемите во нивниот брак започнаа токму во периодот кога тој го снимаше филмот “Green Lantern” со Блејк”, додал изворот.
Прекрасната 27 годишна актерка ја шокирал и податокот за нивното неодамнешно тајно венчање, а особено болно за неа е и тоа што Рајан толку брзо повторно се оженил, по само една година врска со Блејк. “Нивната венчавка ја изненади и врати некои навистина лоши спомени. Таа е уверена дека Блејк намерно го завела нејзиниот тогашен сопруг, иако знаела дека е мажен. Помеѓу останатото, таа сепак мислеше дека ќе помине одредено време пред тој да се ожени повторно”, изјавил изворот.