Ослабнете 5 килограми и вратете ја насмевката на лицето!

7 декември, 20120
dieta

Само 5 килограми ве делат од среќен живот, откриле научниците од Американскиот Универзитет во Дејтон.
Всушност, во истражувањето во кое биле вклучени 1000 лица од двата пола, дури 86% биле многу расположени кога изгубиле само 5 килограми. Дополнителните тестови покажале дека испитаниците имаат подобра меморија и дека оваа мала промена подобро се одразила и на нивната самодоверба, сексуален живот, рефлекси, агилност…

Исто така, утврдено е дека со секој изгубен килограм, повеќето испитаници трчале побрзо, во просек 4 секунди по километар, односно оние кои изгубиле 5 килограми биле дури 20 секунди побрзи.

Всушност овие мали флуктуации во тежината, влијаеле и на нивото на хормонот прогестерон, кој е одговорен и за квалитетот на јајцевите келии и овулацијата, што значително влијае на плодноста на жената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *