Новата врска би требало да ве охрабри, а не да ја промени Вашата природа! Поебно не, оние добри особини…
Секој пат кога ќе започнете нова врска, сите ваши навики, ќе бидат ставени во 2 план(7 наутро, час по јога или гужвање на чаршавите со вашиот сакан). Понекогаш, меѓудругото , промените кои ги правите не се толку пожелни и самата срж на вашата личност може да се измени. Многу од жените, несвесно го губат она најдоброто во себе, кога се заљубуваат, а тоа може да ја оптерети врската. Со текот на времето ќе почнете да се чувствувате неисполнети затоа што тоа не сте повеќе самите вие, а центар на вашиот живот станал партнерот. Размислете, дали можеби, сте се изгубиле себе си, во својата врска и дознајте како , повторно да се пронајдете себе си!
Дали сте изгубени?
Постојат јасни мали сигнали кога девојката полека станува изгубена: Таа прави само планови за двајца. Секогаш ги чисти трагите кои нејзиниот сакан ги остава зад себе. Секогаш одговара на прашањата со: Знаете, ние…” и таа слуша, чита и гледа се што сака нејзиниот сакан, но во сето тоа останува без одговор од неговата страна. Овие сигнали обично и не ги забележува веднаш. Затоа, кога некој ќе ви сугерира дека повеќе не сте истите, побарајте совет од своите пријателки. Прашајте ја што мисли таа, за вашата врска и дали забележала некои промени кај вас. Исто така, доколку му преќутувате на вашиот дечко некои од вашите пријатели или ваши интересирања, многу е веројатно да потиснувате нешто во себе.Уште еден од знаковите е ако мислите дека врската ве сочувала од несигурност. Наместо да се радувате на својата врска, вие се оптеретувате со својот “совршен” партнер. Влетувате во врската , иако знаете дека , несигурноста е нејзината основа!
Како се случило тоа?
На сите ни е заедниччко “да се затрескаме во некој фраер”, но прилагодувањето на сопствените интереси ве прави да засјаете. Многу жени ја поценуваат важноста на вашето изговорено: “Не”! Момчињата ја ценат самосталноста, така што слободно можете да му одговорите “Не фала “, на повикот кој никогаш не бисте го прифатиле ни од пријател. Веднаш ќе му стане јасно дека не може да ве држи во раце 24 часа во денот. Размислете за своите слободњачки денови и повторете ги најсветлите моменти. Во меѓувреме исфрлете ги сите оние моменти кои ви се чинат беззначајни, побрзајте кон она кое вреди… Кога ќе запловите кон своите интереси, ќе бидете посреќни, а тоа ќе ве направи, подобра личност…