Американската актерка Аманда Сејфрид на секое свое учество или изјава се појавува во перфектна топ форма. Знаете ли како го постигнува тоа? Таа повеќекратно споделила со јавноста дека е следбеник на принципите на консумација на сурова храна. Што е тоа? Тоа е пред се философија. Тоа е еден вид вегетијанство, каде човек се храни само со растителна храна без никаква термичка обработка. Јаде суво овошје, студено цедени растителни масла, јадки и семиња, кои претходно се накиснати во вода за да омекнат. Според неа таквиот начин на исхрана е најблизок до човечката природа. За снабдување на организмот со протеини таа консумира ореви, семиња и грав, фстаци, соја, оризово млеко и авокадо. Околу 50% од храната е овошје, околу 35% е зеленчук, до 10% се производи како банани, компири, пченка и други зрна. Околу 5-10% е сушено овошје, а 1% се растителните масла.