22 годишниот ранцуски модел Баптист е новиот дечко на Кети Пери.
Двојката прв пат е фотограирана на француската модна недела во ноември минатата година, а бидејќи пејачката тогаш беше во брак, никој не можеше ни да претпостави дека би можела да има романса со пет години помладиот супер модел, кој е многу поразличен од тогашниот сопруг, кој негува имиџ на постојан бунтовник.
Сепак за време на неодамнешната посета на Париз, Кети и Баптист, кој инаку е најдобро платениот модел на светот повторно се фотографирани заедно, иако се труделе да се сокријат од папараците. Баптист потоа на својот Твитер профил објавил фотографија со пејачката, на која напишал “Мачко, изгледаш одлично на сликата”.
Иако Кети се уште не потврдува дека во врска со Баптист, сите факти укажуваат на тоа дека тие се заедно.