Џони Деп и Ева Грин се запознале за време на снимањето на филмот “Dark shadows” на Тим Бартон, каде се зближиле и повеќе отколку што треба.
Американските портали пишуваат дека благодарение на Ева Грин, е прекината врската долга 14 години помеѓу Џони Деп и Ванеса Парди, како и тоа дека веќе ги контактирал адвокатите со цел да се реши прашањето за поделбата на имотот и старателството над децата.
Ева Грин во филмот “Dark shadows” ја игра Анѓелика Бушард која Деп го претвора во вампир. Таа играше во филмовите “Казино Ројал” и “Небесно царство”.