Палма Де Мајорка – колорит, многу клубови и прекрасна архитектура …

12 мај, 20120
1 (8)

Реномираната туристичка атракција, Палма Де Мајорка, најголемиот град на островот Мајорка и престолнината на автономната област – Балеарските острови, претставува жив и космополитски град, кој ја чува вистинската шпанска традиција. За центарот на градот е специфична една посебна, пријатна динамика, инволвирана и во животот на жителите, градењето трговски центри, интересни се и тесните улички кои создаваат лавиринт, а и старите, но обновени згради опкружени со древни рушевини и модерни булевари.

И покрај инвазијата од туристи, ова место го има задржано автентичниот колорит, особено во стариот дел од градот, преполн со кафулиња и барови. По улиците може да се слушне специфичниот дијалект, специфичен за ова место. Секако, она што привлекува најголемо внимание се прекрасните плажи, кои едноставно не Ве оставаат рамнодушен. Меѓутоа, Палма Де Мајорка не ја сочинуваат само плажи. Во непосредна близина на центарот на градот, се наоѓа североисточниот брег во кој доминира планинскиот ланец Сера Де Трамунтана, познат по неверојатните шуми и селата со згради од теракота. Шпанската убавица освен што е едно од најпознатите места во светот, кога е во прашање забавата,  сведок е и на историски и културни случувања, кои немо сведочат и се доста атрактивни…

Комплетно место кое Ви нуди сé што ќе посакате… Одлучете се да го посетите  !!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi