Пет најубави места во светот!

28 март, 20120
u98

Убавината е различна во очите на набљудувачите, но сепак, ова се места кои се универзално познати како најубави во светот.

Мачу Пикчу, Перу – светиот град на Инките кој се наоѓа на надморска висина од 2350 метри на Андите. Иако, веројатно е изграден околу 1300 година, останал скриен до 1911 година. Мистеријата е како успеале да го изградат со оглед  на тоа дека е познато дека Инките незнаеле ниту за тркало, ниту за железни орудија.

Водопадите Игуасу, Аргентина и Бразил – овие водопади се едни од најубавите и највеличенствените во светот. Се наоѓаат на границата меѓу Бразил и Аргентина, а самите водопади се состојат од 270 одвоени водопади кои се протегаат на повеќе од два километри.

Таџ Махал, Индија – мавзолејот од мермер во Агра, Индија. Направен од страна на Шах Џахан во 17 век во спомен на неговата трета жена, која починала додека го раѓала четрнаесетото дете. Оваа градба е позната по стилот кој ги комбинира елементите од Персиската, Турската и Индиската архитектура. За Индија претставува ремек дело и големо наследство, а ги воодушевил сите што го виделе.

Пирамидите и Сфингите, Египет – пирамидите во Гиза кои се изградени околу 23650 и 2550 пред нашата ера. Тоа се трите пирамиди на фараоните Кеопс, Кефрен и Микерин. Колку траела нивната градба и како се изградени ден денеска е непознато.

Големиот Кањон, САД – националниот парк на САД се наоѓа во Аризона, на реката Колорадо. Распространет е на 4.926,66 квадратни километри и се смета за едно од седумте светски чуда на природата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi