Ета Џејмс, една од најмоќните вокали во светот на блузот, почина по долга борба со леукемијата. Нејзините долгогодишни пријатели и менаџерот Лупе Де Леон ја потврди тажната вест на CNN. Ета имаше 73 години. За време на празниците Џејмс е хоспитализирана поради проблеми со дишењето, а менаџерот тогаш изјавил дека Ета е во прилично лоша состојба.
Тажниот Лупе Де Леон изјавил дека ова е голема загуба за нејзиното семејство и обожавателите. “Ова голема загуба за семејството, пријателите и обожавателите од целиот свет. Таа беше вистинска музичка дива, можеше се да испее, таа ги дефинираше категориите во музиката. Работев со неа преку 30 години. Таа беше моја пријателка и ќе ми недостига засекогаш”, вели манаџерот во својата изјава.
Ета во јануари 2010 година откажа голем број концерти поради здравствени проблеми, а на почетокот на 2011 година е откриено дека има неизлечива форма на леукемија. Покрај тоа, боледувала и од Алцхајмерова болест. Во мај 2011 година примена е во болница поради низа проблеми предизвикани од малигни заболувања.
Во текот на плодната и успешна кариера, Ета освоила четири Греми награди, а во 1993 година примена е во Rock&Roll Hall of Fame, во 2008 година Бијонсе ја глумеше во филмот “Cadillac Records”, а голем број на моќни женски вокали на денешницата тврдат дека пример и инспирација им е токму легендарната музичарка.
http://www.youtube.com/watch?v=ADDigK8LwyE