Починала по 42 години во кома, семејството сите овие години било покрај неа!

popara25 ноември, 20121min00
vest

По долги 42 години поминати во кома, Едвард О’Вага почина. Во последнава деценија за неа се грижела нејзината мајка, а за љубовта и борбата за живот издадена е и книга, пренесе Вечер.

По 42 години живот во длабока кома, на 59 годишна возраст починала Едвард О’ Вага чија здраствена состојба во текот на годините привлече огромно внимание на јавноста.
Впрочем, во далечната 1970 година таа имала алергиска реакција на лекот против дијабетис. Иако лекарите мислеле дека реакцијата ќе помине, сепак Едвард неколку дена подоцна паднала во кома. Пред да падне во кома, таа добила ветување од својата мајка дека никогаш нема да ја напушти.
Така и било! Кејт во последниве 40 години секојдневно се грижела за својата ќерка, молејќи се и надевајќи се еден ден ќе се разбуди. Едвард цели четири децении се хранела преку цевка, а мајка и постојано и читала книги и и пуштала музика, надевајќи се дека ќе може некако да оствари комуникација со својата ќерка. Пред четири години, на 80 годишна возраст, мајката починала во собата на својата ќерка.
Според New York Daily News, нејзинатa несебична посветеност го инспирирала докторот Вејн Даер да ја напише книгата “Ветување си е ветување: Неверојатна приказна за безусловната љубов на мајката и што се таа може да не научи”.
По смрта на Кејт, за Едвард се грижела нејзината сестра Колин.
-Не размислував, туку веднаш ја згрижив. Таа е моја сестра, изјавила Колин, при тоа додавајќи дека Едвард е најдобрата сестра во светот.Опишувајќи ги последните моменти од животот на својата сестра, таа и додала дела Едвард си заминала со голема насмевка на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag