Доколку се одлучите да ги посетите овие прекрасни села, ќе сфатите дека „ шармантно “ не е само придавка, туку и начин на живот. Едноставната убавина, камените куќички, природата која Ве опкружува и неверојатните пејзажи се клучните „ состојки “ на овие релаксирачки дестинации, кои ќе Ви го одземат здивот.
Доколку посакувате идиличен одмор, Ви нудиме неколку идеи со кои секојдневните проблеми ќе бидат ситница, а целиот фокус ќе биде ставен во совршенството на природните убавини…
Билбури, Англија
Камените куќички од 14 век кои се наоѓаат на Arlington Road во Билбури, ја создаваат целината таканаречена најубаво село во Англија. Ова место е опишано дури и од страна на писателот Вилијам Морис. Селото е сместено на реката Колн, во ридскиот, централно – западен дел на Англија.
Савока, Италија
Историското сицилијанско село Савока сместено е на ридот помеѓу градовите Месина и Таормина, на источниот брег. Посетителите на ова живописно село ќе останат воодушевени од она што им се нуди, ако се во потрага по идилични и прекрасни мали места.
Венген, Швајцарија
Благодарение на локацијата на Алпите и традиционалните дневни апартмани, Венген е швајцарското село од соништата кое изгледа идентично како пределите од приказната Хајди. Фактот дека автомобилите во селото се забранети, дополинтелно придонесува за неговиот шарм. Селото веќе долго време е популарен алпски туристички центар. Навистина вреди да се посети.
Езе, Франција
Медитеранската харизма, средовековниот шарм, благодарение на близината на Ница, ова место го прават да се најде на врвот на најпознатите дестинации на француската ривиера. Доволно причини за посета ?
Český Krumlov, Чешка
Се наоѓа на реката Влтава а изградено е околу дворци, во 13 век, со готски, ренесансни и барокни елементи. Ова е извонреден пример за мало средовековно село, чие градежно богатство, останало недопрено. Поради тоа, во 1992 година е ставено под заштита на UNESCO.