Поранешен претседател на САД, барем 3 пати имал средба со вонземјани

16 февруари, 20120
0095007.48

Поранешниот претседател на САД, Двајт Д. Ајзенхауер, наводно во присуство на бројни сведоци барем во три наврати комуницирал директно со вонземјани.

Тоа го тврди предавачот и авторот Тимоти Гуд кој смета дека состаноците се одвивале во американските воени бази помеѓу 1953 и 1961 година. Состаноците наводно ги организирал ФБИ, така што на суштествата од вселената им праќал телепатски пораки.

Гуд наводно поседува цврсти докази, бидејќи и самиот тој бил советник на Американскиот Конгрес и Пентагон, но исто така тврди дека Ајзенхауер бил само еден од државните службеници кој остварил контакт со вонземјаните.

Според неговите зборови, контактот со вонземјаните се одржува и денес и тоа не само во САД, туку и во други земји во светот. Исто така, вонземјаните имаат и неслужбени односи со земјаните, па комуницираат и со одредени поединци од сите страни на светот.

Поради тоа Гуд верува и дека не треба само така да се отфрлуваат видеата со НЛО, бидејќи „иако 90% од нив едноставно може да се објасни дека се наместени, сеуште остануваат милиони поединци кои навистина виделе вонземјански бродови.”

Во својот каталог на докази, го вбројува и фактот дека луѓето во основа се во контакт со видот на вонземјани кои се нарекуваат „Сиви”, но постојат и други видови од различни предели на вселената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi