Ако Бог ни го дал телото, зошто страста би била грев? Ова прашање веројатно си го поставувал и поранешниот свештеник од Холандија Марк Енгенет, кој сега продава секси помагала.
Германскиот весник Der Spiegel пишува како поранешниот свештеник лансирал своја интернет странциа под името „љубовна градина“, каде се продаваат вибратори, презервативи и други сексуални помагала.
Свештеникот служел на црквата 23 години, а сега си се свртел кон овој бизнис, кои многумина рекле дека е несоодветен за него.
Сепак Марк изјавил дека се грижел за сексуалниот живот на своите верници уште кога бил свештеник. Често на двојките кои доаѓале на исповед ги прашувал дали се задоволни од сексуалниот живот.