
Џенифер Џонсон (30) неодамна поставила видео на YouTube кој ќе остане како спомен и доказ за нејзините деца дека таа направила се што е можно за да се справи со сериозната болест, пишува DailyMail.
Џенифер во видео снимката ја раскажала својата тажна приказна. Минатата година во петтиот месец од бременоста, лекарите и дијагностицирале болест на срцето. Потоа, на Џенифер и била извршена операција и вграден и е пејсмејкер.
Неколку месеци по првата операција лекарите и кажале дека нешто не е во ред со песмејкерот и дека е потребна операција на отворено срце.
Џенифер во видео снимката покажала фотографии од својата бременост, три-годишното девојче Микајл и нејзиниот син Малакај и рекла дека тие се нејзиното “чукање на срцето” и ги повикала луѓето со добро срце да и помогнат да собере пари за операција и опораување.
Џенифер починала неколку дена пред Божиќ, трет ден по комплицираната операција.