Позитивни страни на редовната мастурбација

3 јануари, 20120
masturbira

Иако сите веруваат дека мажите мастурбираат повеќе од жените, истражувањата покажуваат дека всушност „редовното мастурбирање“ е карактеристика и на двата пола. И тоа е добро, бидејќи редовната мастурбација има многу позитивни аспекти врз здравјето, но и психата на жените.

Со тек на време телото поминува низ нормални физички промени кои можат да влијаат на сексуалниот живот. Добрата страна на овие промени е тоа што  стареењето може да има позитивен ефект врз сексуалноста, но често стареењето предизвикува и негативни промени во сексуалниот живот. Најчестиот проблем за жените во  подоцнежните години е физичката промена во вагината, бидејќи со тек на вагината  станува пократка и потесна. Покрај тоа, поради недостаток на естроген,  вагиналниот ѕид станува потенок и крут. Како резултат на тоа жените се соочуваат со сувост на вагината  како резултат на недостаток на природни лубриканти кои се излачуваат за време на сексуалниот однос.

Со практикување на мастурбација се стимулираат деловите од мозокот кои влијаат на  физичките промени во вагината за време на односот и се намалуваат негативните ефекти од стареењето. Мастурбацијата, која вклучува стимулација на клиторисот и вагината, активира различни нервни патеки одговорни за лачење на природни лубриканти во вагината.

Мастурбацијата ја зголемува сексуалната желба и либидото, а исто така ја интензивира и сексуалната возбуда и оргазмот. Освен тоа, со мастурбација се лачат и хормони кои го опуштаат телото и носат чувство на среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *