Британската пејачка Адел која уште од почетокот на својата кариера изјавувала дека е задоволна од својот изглед и дека нејзините вишок колограми воопшто не и претставуваат проблем, сепак изгубила на тежина.
Пред два месеци познатиот дизајнер Карл Лагерфилд ја нарече предебела, што таа на свој начин го исмејала, но сега очигледно сфатила дека и работата со која се занимава бара слаби девојки. Адел и нејзиното ново момче, хуманитарецот Симон Конецки (36), заедно започнале со диета и вежбање, па и двајцата изгубила околу 6 килограми во изминатиот месец.
Двојката биле на строга вегетаријанска исхрана, но и покрај тоа секое утро џогирале со нејзиното куче.
“Килограмите едноставно им се стопиле и тие двајца планираат да останат на диета до крајот на април”, изјавил за британските медиуми пријател на 23 годишната добитничка на музичките награди Греми.