Еден американец се обложил дека ќе го прекуца цел роман „Моби Дик“ на Херман Мелвил на неколку ролни тоалет хартија. Романот има 822 страници, а американецот во овој потфат вложил многу труд само за да го добие облогот. Необичниот сет од четри ролни тоалет хартија потоа биле понудени на e-Bay за 999 долари.
Американецот решил да го продаде своето „дело“ и да им докаже на оние кои не верувале дека навистина успеал да го прекуца романот.
Авторот од Флорида, се претставил само како „The-Heppcat” и тврди дека неговиот необичен роман на тоалетна хартија е во одлична состојба.