Проблемот за смислата на животот…

popara7 мај, 20121min00
s2

Кога си тажен и осамен, сети се за оние работи, кои те правеле вистински среќен, насмевни им се и тие повторно ќе воскреснат.

Среќата ќе ти се врати, тагата ќе си замине и помни: секој е сам ковач на својата судбина. Посакаш ли среќа, ќе ја имаш, посакаш ли љубов, ќе ја добиеш. Повикаш ли пријател, ако е вистински ќе дојде, ако не, ти и сам можеш да се справиш. Тоа е философијата на животот.

Со мислите создаваме свои светови, со мислите и ги рушиме.

Десет свеќи можат да се запалат од пламенот на една без да се намали тој притоа. Среќата не намалува ако се сподели.

Односот на другите кон мене е нивна работа, начинот по кој јас реагирам на нив е моја!

На овој свет нема ниту среќа, ниту несреќа, има само споредба меѓу едната состојба и другата. Ништо повеќе. Само оној што доживеал огромна несреќа, може да ја почувствува и безграничната среќа. Човек треба да посакал да умре, за да открие колку е убав животот.

Велат дека ако постојано отфрлаш се друго, освен најдоброто, тогаш имаш големи шанси да го добиеш. Ако си внимателен и прецизен и дозволуваш пристап до тебе само на најквалитетните луѓе, ако ги исфрлиш триците на страна, зошто претпочиташ бел леб, колку и да си гладен, Судбината ќе свати дека не се храниш со трици и ќе престане да ти ги дава.

Совеста на оние што ја имаат, ја разградува душата посилно од солната киселина…

Едни од најважните чекори во животот се прават поради постоењето на безизлезна ситуација во која се наоѓаш.

Кога тргнеш да се качуваш по скалите на успехот, не биди жесток со останатите, зошто можеш да ги сретнеш на враќање.

Љубовта е епизода во животот на мажот и историја во животот на жената.

Љубовта е грубо преувеличување на разликата меѓу еден човек и сите останати.

Душата на вљубениот живее во туѓо тело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag