Уапсена била група од 15 членови кои имале купувачи во 34 земји, а тие им плаќале или во кеш или со картици. На криминалците им се заканува доживотен затвор.
Меѓународната криминална група која преку интернет продавала разни видови наркотици, од марихуана до мескалин, имала околу 3000 муштерии ширум светот, била разбиена со апсење на 15 членови од неколку земји, соопштиле американските власти.
Според обвинувањата поднесени во судот во ЛА, осум лица ја предводеле групата „ Farmers market“, која тргувала со дрога, вклучувајќи и ЛСД, екстази и кетамин. Од 2007 и 2009 година тие добиле повеќе од 5000 нарачки, во вредност од најмалку милион долари.
Холанѓанецот Марк Вилемс (42) за кој се смета да бил лидер на групата, уапсен бил во понеделникот во својот дом во Холандија.
Останатите седум членови од групата биле уапсени во Холандија, Колумбија, Ајова, Мичиген, Њујорк, Џорџија, Њу Џерси и Флорида.
Доколку бидат осудени, на обвинетите им се заканува доживотен затвор.