Италијанската полиција го уапсила 42 годишниот професор поради продажва на дрога. Благодарение на анонимен повик од еден граѓанин, професорот бил уапсен во Кастелфиорентино во близина на Фиренца. Во неговиот автомобил биле пронајдени 5 грама кокаин и 45 грама марихуана.
Апсењето на професорот ги шокирало жителите на ова мало градче. Дрогата која била пронајдена во автомобилот била спакувана во пакетчиња и била подготвена за продажба.
Доколку професорот биле осуден тој никогаш повеќе нема да може да работи како наставник.