Проверете дали сте зависни од Фејсбук

popara10 мај, 20121min00
re65

Изгледа дека се ретки оние кои даваат отпор на Фејсбукот и желбата да споделат нешто приватно со своите пријатели на оваа социјална мрежа.Во тоа често се претерува а новите истражувања покажуваат дека Фејсбук навистина прдизвикува зависност.

Едно такво истражување е и истражувањето на норвешкиот универзитет под името Facebook Addiction, а кое е објавено во весникот Psychological Reports.

Резултатите покажале дека Фејсбук предизвикува зависност која по симптомите е слична на онаа од алкохол и дрога.

До резултатите на ова истражување е дојдено со помош на скала која ја креирале.Скалата е наречена Bergen Facebook Addiction Scale  а овие научници тврдат дека скалата е универзална.

Истражувањето е спроведено на примерок од 423 ученици(од кои 277жени) кои ги забележувале своите чуства во врска со шест изјави поврзани со употреба на Фејсбук.Одоварале на прашања бирајќи помеѓу понудени одговори, кои се движеле од многу ретко до многу често.

Студентите кои на барем четири прашања одговориле со често или многу често научниците ги процениле како зависници од Фејсбук.

Резултатите од ова истражување покажале дека жените имаат поголема веројатност да станат зависни од Фејсбук.Меѓутоа не се единствени.Овој тип на зависност често ги погодува младите коирисници.Исто така според истражувањето,нервозните и несигурни луѓе,почесто се присутни на социјалните мрежи.

Проверете дали сте зависник од Фејсбук

На понудените шест прашања одговарајте со “многу ретко”, “ретко”,”понекогаш”, “често” или “многу често”.Ако одговорите на “често” или “многу често” на најмалку четири прашања тогаш најверојатно сте зависници од Фејсбук.

1.Многу време поминувате размислувајќи за Фејсбук или планирате да го користите.

2.Се почесто чуствувате потреба да го користите Фејсбук

3.Користите Фејсбук да заборавите на личните проблеми

4.Пробавте да го смалите коиристењето на Фејсбук ама безуспешно

5.Се вознемирувате ако не ви е достапен Фејсбук

6.Толку многу го користите што тоа негативно влијае на вашата работа,школо и сл.

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag