Проверете каква личност сте според часот на раѓање (втор дел)

popara23 април, 20121min00
sz

Независно дали верувате или не според некои луѓе часот на раѓање игра важна улога при формирање на карактерот и личноста.

Родените во интервалот од 12 до 14 часот се авантуристи по душа. Тие постојано се во потрага по нешто ново. Не признаваат никакви забрани и табуа во однос на сексот.  Многу се чувствителни во однос на проблемите на останатите. Спремни се секогаш да помогнат, дури и на оние што не ги познаваат доволно. Овие луѓе се екстремно харизматични личности и многу лесно успеваат да бидат миленици во друштвото. Весели се и отворени.

Родените во интервалот од 14 до 16 часот се со двојна природа, непостојани и на нив не може да се рачуна особено кога станува збор за важни решенија и зделки.

Овие луѓе не се сигурни што сакаат и поголемиот дел од животот лутаат од една крајност во друга. По карактер воопшто не се лоши, но средината треба да се помири со нивното променливо расположение. Во љубовта се склони на длабоки и трајни чувства, но партнерот треба да биде многу трпелив и да го прифаќа секој нивни каприз.

Родените во интервалот од 16 до 18 часот се добри по душа и отворени луѓе. Многу се приврзани кон семејството и пријателите. Овие луѓе се харизматични и се спремни да се жртвуваат за луѓето што им значат. Мразат конфликти и секогаш се склони да направат компромис за доброто на сите. Тие се вистински дипломати и од секоја ситуација успеваат да се извлечат со достоинство. Во љубовта се посветени и верни на човекот до нив, го сакаат и го ценат и секогаш тие се првите што ќе попуштат во ситуација на конфликт, со цел да има мир во куќата.

Родените во интервалот од 18 до 20 часот се одликуваат со својата лојалност кон останатите. На овие луѓе може да се рачуна секогаш и за се. Тие се перфекционисти. Се што прават сакаат да биде совршено, се посветуваат на тоа и најчесто успеваат. Ги постигнуваат целите со упорност и континуитет. По карактер се многу добри, искрени и верни на своите пријатели. Многу добро се реализираат во професии, кои бараат точност и прецизност. Обично постигнуваат големи успеси во животот поради својата упорност и прецизност.

Родените во интервалот од 20 до 22 часот се многу интересни и забавни личности. За нив животот представува театарска сцена, а главната улога секогаш им припаѓа на нив самите. Внатрешно се многу несигурни но вешто ги прикриваат своите слабости. Постојано играат разни улоги, па затоа постои реална опасност во еден момент да се изгубат во таа игра. Тешко поднесуваат критика, тоа ги депресира и нервира. Избегнуваат да гледаат во очи на вистината, кога не им одговара и затоа си создаваат своја вистина. Имаат многу добро развиена фантазија. Пред се се интересираат за себе си и своите потреби, а сите останати се на втор план. Токму поради тоа овие луѓе не можеш да ги видиш во улога на „лузери“.

Родените во интервалот од 22 до 24 часот се луѓето на кои им припаѓа власта. Успеваат да контролираат се и сите што ги заобиколуваат. И покрај ваквата нивна природа, тие се силно приврзани кон домот и блиските луѓе. Имаат силно развиена интуиција и слободно можат да рачунаат на неа. Поседуваат многу добри организаторски способности и од нив излегуваат неверојатно добри лидери. Ја сакаат власта но никогаш не дозволуваат да станат нејзини жртви. Тие се многу позиитивни, ведри и отворени. Помагаат дури и на оние што не ги познаваат добро и се раздаваат максимално за оние што ги сакаат. Во љубовта се исто толку отворени и искрени како и во се останато во животот, но настојуваат да бидат доминантна фигура во врската, макар и не јавно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag