Британската пејачка Адел, која со своите два албума срушила бројни рекорди во продажбата, ќе пее во живо прв пат по неколку месеци. Слатката 23-годишна пејачка на својот Twtter профил го објавила настапот: “ Ќе пејам на Греми наградите оваа година. Толку долго не сум настапувала што заборавив дека сум пејачка! Едвај чекам, ќе ви пишам наскоро”.
Адел во подоцнежната изјава додала: “Многу сум горда што ме повикаа за овогодинешните доделувања на Греми наградите. Чест е воопшто да бидеш вклучен во таква ноќ. Нервозна сум, но и многу возбудена, бидејќи тоа ќе биде прв мој настап по неколку месеци. Но, тоа е вистинското враќање на сцената”.
На Греми настапите ги потврдиле и Coldplay, Ријана, Тејлор Смит.