Прва изјава на Хајди Клум по разводот!?

1 февруари, 20120
hajdi klum

Иако убавата манекенка Хајди Клум најави развод со пејачот Сил, двајцата се забележани и фотографирани како и понатаму ги носат венчалните прстени, па медиумите шпекулираат дека е можно помирување. Додека Сил во интервјуата самиот жали за разводот, Хајди за разводот не дала никаква изјава.

Но, сепак во вторникот на својот Twitter профил им се заблагодарила на обожавателите за нивната поддршка: “На сите, сакам да ви се заблагодарам за поддршката и убавите зборови кои навистина ми значат многу. Многу ви благодарам…вие сте најдобрите фанови на светот!”. Хајди има околу половина милион обожаватели кои ја пратат на социјалната мрежа.

Не откриваат зошто еден од најстабилните бракови се распадна, па многу од медиумите шпекулираат дека Сел ја изневерил својата убава сопруга со дадилката. Тие имаат четири деца и најважно им е во оваа тешка ситуација децата да не почувствуваат никаква вина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi