Пред речиси еден месец таа стана горда мајка за прв пат.
И сега новопечената мама Џесика Симпсон пред целиот свет ја покажа малата ќерка Дру Максвел Џонсон, со која позирала за магазинот People.
“Мојот живот целосно е изменет. Од тоа како спијам, до начинот на кој размислувам, мојата Максвел е центар на сè. Гледам во неа постојано, неможеме да се заситиме. Кога не ја држам ми недостасува и таа и нашата блскост” изјавила Џесика.
Да ве потсетиме, 31- годишната Џесика на 1 мај роди ќерка, па затоа венчавката со вереникот Ерик Џонсон засега е “на чекање”.