Првиот човек во вселената бил во 1933?

popara10 мај, 20121min00
r32

Лондонскиот весник Referee на 29 октомври 1933 објавил натпис за лансирање кое се одржало на островот во Балтичкото Море.Се тврди дека Ото Фишер станал првиот човек во вселената.

Дали е возможно Германија всушност да ја претркала Русија за околу три децении и дали во тоа време воопшто постоел капацитет за лансирање како што е опишано во статијата?

Историските факти  покажуваат дека Ото Фишер постоел и дека неговиот брат Бруно бил ангажиран во процес на дизајнирање ракети.Исто така е познато дека работел на таен договор за германската војска и дека од островот во Балтичкото море навистина е лансирана ракета,пренесува io9.com

Сепак околу висината на ракетата и дали во нејзе имало некој, постојат повеќе приказни.Еден новинар опишува дека ракетата слетала после неколку минути од олетувањето и дека од нејзе излегол видно потресениот Ото и раскажувал за своето неверојатно искуство.

Наводно се онесвестил од големата брзина,а станал свесен кога ракетата ја достигнала максималната висина ( допрела до вселената) и почнала да паѓа назад кон земјата.

Кога се разбрало за случајот за него се заинтерсирале многу земји во светот,но обајснувањето било дека се работело за безпилотна ракета, и  дека целта не било да се дојде до вселената туку дека ако ракетата се движи линеарно и постигне доволно голема висина нема да слета туку ќе се појави некаде во морето кај Нов Зеланд.

Приказните за митското лансирање  со текот на годините станаа различни па затоа е тешко да се утврди кои се фактите.Легендата за првиот човек во вселената и понатаму останува,но поради недостаток на докази и сеуште е само приказна.

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag