Првото сексуално искуство на холивудските ѕвезди

16 декември, 20120
angelina joli

Анџелина Џоли

Триесет и четири годишната холивудска убавица призна дека кон своето прво сексуално искуство не чувствува ништо. Зашто се согласила на сексуален однос на само 13 години, не знае да објасни.

“Чувствата тогаш не ми беа важни”, рекла актерката и додала дека после првиот секс земала нож и ја засекла кожата на својот партнер за да ја чувствува поблиска. Садо-мазо игрите ги практикувала и со нејзиниот поранешен сопруг, Били Боб Тортон. Со оглед на тоа дека со сегашниот партнер Бред Пит нема такви склоности, се чини дека Анџелина навистина го сака.

Џони Деп

Според мислењето на многу жени, еден од најубавите мажи на светот исто така ја изгубил својата невиност на тринаесет години. Освен тоа, Деп открил дека првото искуство го имал во автомобил.

“Првиот секс го имав само што наполнив 13 години. До тогаш ни со една девојка не сум имал никакви односи”, признал славниот пират од Карибите. Инаку, актерот е во врска со француската пејачка и актерка Ванеса Паради. Пред тоа беше со многу славни жени, како што се Кејт Мос и Винона Рајдер.

Брук Шилдс

За разлика од Анџелина Џоли и Џони Деп, славната актерка Брук Шилдс своето прво сексуално искуство го доживеала на 22 години.

“Кога го гледам тоа од оваа перспектива, жал ми е што сум чекала толку. Тоа да сум го направела порано, не би се мачела толку со вишокот на килограми затоа што за време на студирањето имав дури 10 килограми повеќе отколку сега”, призна глумицата која очигледно смета дека сексот е најдобрата диета.

Парис Хилтон

Контроверзната богаташка Парис Хилтон ја изгубила својата невиност на 15 години, а прв пат спиела со Ренди Спелинг, братот на ѕвездата на популарната серија “Беверли Хилс”, Тори Спелинг.

Сепак, на јавноста најпозната и е нејзината врска со филмскиот продуцент Рик Соломон, со кој го снимаше познатото домашно видео кое стигна на Интернет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber