Пуслица торта

8 април, 20120
Tiramisù cake and its ingredients

Потребни состојки:

За кори:

  • 18 белки
  • 54 лажици шеќер

За фил:

  • 18 жолчки
  • 400 гр. шеќер
  • 200 гр. чоколадо за готвење

За декорација:

  • 2 ќесички шлаг

Припрема:

Одвојте ги белките од жолчките. 6 белки и 18 лажици шеќер изматете ги во снег. Смесата префрлете ја во тава за печење обложена со хартија. Рерната, која претходно сте ја загреале на температура од 250 степени, намалете ја на 120 степени. Печете ја кората 1 час. Потребно е да испечете 3 вакви кори.

Жолчките и шеќерот изматете ги и згответе ги на пареа, па во смесата додадете ја истопената чоколада. Едната кора филувајте ја, па врз неа ставете ја втората кора која исто така ќе ја филувате. Потоа одозгора ставете ја третата кора и тортата премачкајте ја со шлаг подготвен според упатството, па декорирајте ја по желба. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi